Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Во телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан се согласив за подобрување на односите во сите сфери на општественото живеење, вклучително и воено-одбранбената сфера.

Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. “Одличен разговор со големиот пријател на Србија Виктор Орбан. Разменивме мислења за актуелната политичка ситуација во светот, Европа, а особено во нашите земји. Се договоривме брзо да ги подобриме нашите меѓусебни односи во сите сфери на јавниот живот, вклучително и воено-одбранбената сфера”, објасни Вучиќ.

Српскиот претседател нагласи дека „го поддржува Орбан во неговите напори за зачувување на независноста на унгарската држава при одлучувањето и му се заблагодари за исклучителниот придонес во градењето на најблиските српско-унгарски односи“. „Наскоро потпишуваме важни и големи работи“, објасни понатаму Александар Вучиќ

Back to top button
Close