Загрижувачко однесувањето на младите на „Тик-ток“ во Србија: „Сними ја училницата“

Можеш ли да ја снимиш училницата по историја каде што се случувало сè, за луѓето подобро да се замислат; дали донесовте пиштоли; покажете ни ја училницата по историја… Ова се само дел од страшните пораки на видео на „Тикток“ на ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“, кој во средата го снимил враќањето на учениците во училиштето каде една недела претходно тринаесетгодишник уби осум деца и училиштниот чувар, а рани шест деца и наставник по историја.

Иако учениците од ова училиште немаат редовна настава, туку разговори со стручни лица и наставници, дел од нив го снимиле доаѓањето во училниците.

Ученик го снимал училишниот ходник, но учениците кои се качуваат по скалите.

Видеото наиде на многу коментари, а за жал, меѓу нив имаше и некои, најблаго кажано, налудничави, пишува „Курир.рс“.

„Можеш да снимаш како да си тоа момче, како влегуваш во училиштето, пукаш во чуварот и уште три девојчиња и потоа влегуваш во канцеларијата за историја, те молам“, гласи една од ужасните пораки.

Многумина побарале од момчето да го сними кабинетот по историја каде се случило злосторството.

„Дали некој има видео од училиштето, оние главни места од влезот во училницата? Нас нè интересира како изгледа местото на пукањето“, се вели во пораките.

Некои се интересираат дали момчето кое го извршило злосторството ќе се врати на училиште

Криминологот проф. Зорица Мршевиќ смета дека коментарите се страшни.

„Ова се опашките на се’ што се случи. Без разлика дали се работи за дете или возрасен, тие преку трагични настани се обидуваат да добијат некакво значење од својата безначајност. Тоа треба да наиде на укор, не со аплауз, туку на осуда. Некој нека им каже: „Вразумете се!“

Коментарите што ги пишуваат и децата и возрасните, според соговорниците на Курир, се морничави.

„Тоа е страшна трагедија и децата се уште се под впечаток на таа приказна, дури и се индуцирани од таа приказна, тоа е начин на обработка, односно повеќе одбранбен механизам и борба со ситуацијата што се случи. Меѓутоа, кога зборуваме за возрасни, тоа укажува дека живееме во општество на незрели луѓе. Тие луѓе се суетни, импулсивни, егоисти, можат да реагираат несоодветно, загрозувајќи ги другите луѓе“, вели за Курир психијатарот д-р Ивица Младеновиќ.

Психотерапевтот Јелена Манојловиќ истакна дека коментарите се морничави, и дека верува оти се напишани од деца кои не се од тоа училиште.

„Фокусот во медиумите беше на негативните работи, наместо да се потенцираат некои од успесите на нашите деца. Некои деца едноставно ги поддржуваат овие однесувања и сакаат да искусат како тоа изгледало, мислат дека тоа е како видео игра, да направат реконструкција на тој начин. Повторувам дека родителите се виновни. Постојат апликации каде родителот може да следи што гледа и прави нивното дете на телефонот. Родители, разбудете се! Проверете што гледаат вашите деца, кого следат на мрежите и какви коментари оставаат“, рече Манојловиќ.

Тој додава дека му е жал што на ваков начин се коментира оваа трагедија.

Посочува дека мерките што ги предлага српската влада ќе дадат одредени резултати, но дека ќе биде тешко да се надмине состојбата без корекции на вредносниот систем во општеството, како и промени во семејството и семејната поддршка.

Секоја несоодветна содржина на Тикток може да се пријави.

Back to top button
Close