Зoшто молчат македонските интелектуалци?
Почитувани македонски граѓани!

Република Северна Македонија е мултиетничка и мултиконфесионална држава. Имаме заедничка историја, судбини, страдања, трагедии и различни освојуваќи. Оваа држава е заедничка за сите нејзини граѓани. Сите плаќаме даноци, придонеси, учествуваме во армијата, полицијата, во сите локални и централни институции, ја признаваме лојалноста кон државата и ја сакаме нашата држава. Тука сме родени,тука живееме уште од времето на Илирите, од пред новата ера до денес. Нашите дедовци и прадедовци овде живееле со векови.
Се декларираме дека сме држава со еднакви права за сите граѓани. Тогаш, зошто ја потценувате употребата на албанскиот јазик во Уставо на РСМ со бројки, јазик на 20% од населението?
Зошто во Македонската академија на науките и уметностите, од 79 академици, има само само тројца Албанци? Поставувам едно едноставно прашање.
Зошто покажувате толку голема фрустрација,алергија и одбивност кон Албанците, кон албанскиот јазик, уметност, музика и култура?
Вие добро знаете дека овој народ му даде на светот двајца нобеловци – Мајка Тереза и д-р Ферид Мурат, големата Мајка родена во Скопје, другиот по потекло од Гостивар.
А дали нешто ви значи светската познатата пејачка Бебе Реџа, со потекло од Дебар? Дали знаете дека славата и името на овие личности ја афирмираат нашата држава на светската сцена повеќе отколку што би можеле тоа да го направат дваесетина амбасадори? Дали знаете дека, од сите соседни балкански држави, само
Албанците го признаваат македонскиот народ, македонскиот јазик, вера и македонската култура?
Дали знаете дека на сите културни манифестации и концерти низ градовите со 20, 30 или 40 проценти албанско население, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, не се слушна ниту една албанска песна?
Од триесетте пејачи што настапуваат, зарем не најдовте ниту еден ил двајца албански пејачи со европски квалитет и вредности?
Зарем така мислите, почитувани Македонци, да одите во Европа?
Не, не!
Европа нè набљудува со двоглед, а со овој примитивен балкански менталитет уште долго ќе чекаме во предворјето на Европската Унија.
Албанскиот народ му подари на светот значајни личности како Беким Фехмиу, Рита Ора, Дуа Липа, Ана Окса, Џон и Џим Белуши, Александар Моисиу, Исмаил Кадаре, Инва Мула, Елиза Душку, Ава Макс, Анѓелин Прелјоцај, Лазим Дестани, Мира Мурати, Блерим Дестани и многу, многу други.
Ме зачудува молкот, индиферентноста и инфантилното однесување на моите колеги дипломати и македонските интелектуалци?!
Мислам дека е време за позитивно преиспитување и рефлексија, за да не живееме едни покрај други, туку заедно, едни со други без копмлекси.
ДАИМ ИЛАЗИ






