Бранко е “крив”- предлагаше ресет, а нам ни неопходен рестарт!?

Виктор Мизо, успешен охриганец од средна генерација, пред нецел месец, ја шокираше нацијата со идејата за увоз на стручни млади работници. Нема бравари, во земјата, настаната, како сојузна република, под водство на лидерот – бравар!

Браварот (маршал Тито) фо фрак и го свиреше Бах на британската кралица, која се исчудуваше: “овој не ми личи на бравар”!?

Виктор Мизо не го говори тоа само колку да биде интересен. Тој има реален проблем. Во Охрид, односно Струга, има две успешни странски инвестиции, кои си ги преземаат, поткупуваат вредните работници. Функционира пазарот на трудот, ама само за веќе вработените, оние внатре, а од надвор нема прилив!

Зошто тогаш имаше бравари, Охрид “го равиваше туризмот, а живееше од инсдустријата”. ЕМО, “Херој Тоза Драговиќ”, “Братство”, “Слобида”… Или се заедно – 15.000 вработени во индустријата, во системи со над 3.000 вработени, деловно поврзани со најголемите југословенски и светски, со сегашен јазаик кажано, корпорациски системи:крагуевачка “Застава”, белградски “Минел”, германскиот гигант “Сименс”?

Ако е некаква среќа во несреќа, одосно надеж, средното училиште кое во тоа време “произведуваше” бравари – Електро машинскиот училишен центар (тогаш со името – Тито!), каде се запишуваа децата на сиромашните и индустријализираните семејства од селата, и денеска постои и не само што постои ( се разбира со ново име – “Наум Охридски”!), туку, од некогашното “мајтап-школо”, постанува елитна и барана образовна институција.

На Бирото (Агенцијата) за вработување, велат, нема наставник, или професор математичар! Во некогаш елитната охридска гимназија, еден од професорите по македонски јазик, замина во пензија, во очи на второто полугодие. Учениците, уште и матуранти, сеуште не знаат кој ќе им биде “даскалот” по макеонски јазик после 23 јануар !?

Бравари, математичари, инфоорматичари… ќе мора да увезуваме. А, и лекари. На детското одделение од Општата болница во Охрид нема педијатeр, а до вчера младите мајки од Охрид се породуваа во Струга!!!

Во прашање е опстанокот на оваа нација. Не е пријатно да се каже, боли, создава проблеми (политички – пратеничка се заканува да се избрка од работа се мое – до трето колено !!!???), ама некој мора ова да го соопшти. Во услови и атмосфера на молк на интелигенцијата!

Ја прашале галичанката, за што и учи синот? У, што прашуваш, се знае, за директор (сега и за претседател!)!. А, твојот? Црвеночанката, вели, за новинар. Ако, де, и тоа мора некој да го работи.

Прашаето за опстанокот на нашата нација е прашање на состојбата на духот, а не економско прашање. Во Македонија доага и по некоја странска инвестиција, главно, поради условите и евтината работна рака, но, сепак, најважната инвестиција се лугето, а не парите.

На оваа нација и требаат луге, образовани и самосвесни, а не евра и долари. Не дека ги нема како производ, но ги нема овде и сега. Овде остануваат само татините и мамини синови со купени дипломи, од “Универзитет” како оној на комшијата Мрко, кој може синчето да го задои на државна чешма, да му купи возило од 150.00 евра и да “чува внучиња, а не кучиња“!

Вистински поткованите не можат да останат овде. Не можат, затоа што до вчера се крстеа во Заев, во кого гледаа семоќен и седобар Зевс, а веќе денска имаат нов Зевс! Оние со личен фундамент и интегритет, не можат да повтруваат дека магерето лета, ако не лета.

Вистински поткованите од мојот Охрид се надвор, медиокритетите и климоглавците се тука. Петар е во Данска од каде порачува дека е полесно “да се биде странец цо тугина, отколку тугинец дома”! Виктор е во САД, со сопругатa, исто такa, врвен нaучник. Работаат на проекти од епохално значење.

Исто, кaко и многу други Викторовци, чии деца се трета, или чевртa геберацијa нaдвор, а бабите и дедовците, место кучиња овде (пак тој Мерко!) летаат преку големата бара дaа ги чуваат, зашто авионскиот билет е поевтин од едномесечен третман во детска градинка. Кој вели дека извезуваме само млада памет. Ете, на привремена рaбота во страnство се и бабите, кои туркаат колички во Њу Џерси!!!

Во прашање е (не)квалитетот на нашиот општествен систем. Кој би седел во земја во која криминалците добиваат клучеви од затворски апртмaни, или пак, бегаат со асистенцијa нa затворските чувари!!! Во судството веруваат само тројца од стотина, а секој втор е несреќен што се родил токму овде!

Нашиот проблем не е еднодетството. Љубчо војводата, како премиер, финансиски стимулираше трето дете, има едно и е просечно богат бизнисмен! Нашиот проблем е имиграцијата. Која трае и трае и кога немавме сосптвена држава и кога сега, божем, ја имаме. Нераѓањето е само флоскула, не расте жито на камен и во кал, младите не се женат во место кое го оценуваат како нповолно за живеење. Погледајте ги анкетите.

Ничкосаниот вредносен систем е нашиот проблем. Подаништвото и клиентелизмот, заедно со колективизотс е нашиот проблем. На сцена се оние што се неспособни за индивидуализам, засолнети во партискиот колективизам. И да ги терараш не одат надвор, зашто и самите знаат дека надвор успеваат само образованите индивидуалци.

Ничкосан е политичкиот, образовниот, социјалниот, ВРЕДНОСНИОТ СИСТЕМ.

На времето лицето Б.Ц. заговараше ресет на системот. РестартБраснче, не ресет! Рестат на образованието, на свеста, на состојбата на духот – поединечен и на нацијата, социјален рестарт, за почеток –КРАЈ НА НЕГАТИВНАТА СЕЛЕКЦИЈА, која е далеку полоша од времето на комунизмот.

Целосно преструктуирање, бидејќи овде главен бизнис е политиката.

Веле Митаноски

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close