Поранешниот светски првак во скок со стап, Шон Барбер, почина на 29 години

Поранешниот светски првак во скок со стап, Барбер, почина на 29 години

Барбер во 2015 година во Пекинг ја освои титулата светски првак, прескокнувајќи ја летвата на височина од 5.90 метри, а истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто.

Веста за смртта на Барбер ја објави неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.

„Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Ѓон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.

 

Back to top button
Close