Ѓорге Давид на прес откри детали за трагедијата: Сакам јавно да му изразам сочувство на господинот Ахрим, кој ја загуби сопругата
Музичарот Ѓорѓе Давид вчера во Белград организираше прес-конференција во врска со трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Македонија и во која една жена го загуби животот.
Тој прво јавно му се извини на сопругот на починатата жена, а потоа опиша што се случувало на кобната ноќ, но и детали кои му претходеле на тој ден.
„Прво, сакам јавно да му изразам сочувство на господинот Ахрим, кој ја загуби сопругата во оваа грда приказна. Автомобилот го возела неговата ќерка и таа влегла во спротивната лента. Таа скоро положила за возачка дозвола и по кратко време го доживеала сето ова. Моето најискрено сочувство. Ќе сакам еден ден да ја израдувам“ изјави тој.
-Во Македонија останав десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, земаа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца луѓе. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Ќе морам еднаш месечно да се јавувам во Обвинителство или кога ќе ми се обратат, тоа е сега моја обврска, рече тој и додаде:
Три четири дена пред немилиот настан се одеше одлично… Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна.
На таа приказна и претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој возел во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди. Јас потоа влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред. Се се случи во секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја одбегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи. Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него. Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена, рече Ѓорге Давид.