Дедото и бабата на Вања: Александар во младоста се лекуваше од зависност, се излечи и потоа се ожени

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеа дедото и бабата на убиеното девојче, Зоран Ѓорчевски и Иванка Ѓорчевска, татко и мајка на Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите, пренесе Фокус.

-Се јавив да прашам што прават, и мајка му на Александар, мојата поранешна сопруга, плачеше и ми кажа дека ја нема Вања. Потоа се слушнав и со син ми и тој ми кажа дека ја нема Вања. Му реков да каже што можам да помогнам. Александар ми рече да се јавам кај мои деловни пријатели во земјата и странство да побарам помош за да се најде некаква трага. Се јавив во Грција на деловен партнер да го прашам дали таму нешто се зборува, сведочеше дедото на Вања.

Тој појасни дека преку неговата ќерка добивал информација како тече потрагата.

На прашањето, дали син му работел, тој рече дека работел цело време, но со прекини.

-Работеше, цело време, со прекини од два-три месеци. Тие два-три месеци пред да исчезне Вања не работеше, рече сведокот, кој додаде дека Александар во тој период се издржувал од неговата пензија и пензијата на неговата мајка, кои секогаш биле тука да помогнат. Одговори и дека неговиот син немал долгови.

На прашањето дали Александар има проблем со зависности, рече дека имал во младоста, одел на лекување, се излечил и потоа се оженил.

Повеќе

Back to top button
Close