Италија е подготвена да учествува во евентуалната мировна мисија во Украина

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека Италија е подготвена да учествува во евентуалната мировна мисија во Украина.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон претходно предложи испраќање на меѓународен контингент во Украина кој ви го надгледувал идниот прекин на огнот. Макрон за тоа разговарал со претставниците на Велика Британија и на Полска, но Италија е прва земја која јавно изрази подготвеност за оваа иницијатива.

– Подготвени сме да ја играме оваа улога, улога во која секогаш сме се истакнувале како нација, посочи Крозето.

Но, според италијанските медиуми, сите не ја поддржуваат идејата на Макрон. Шефот на италијанската дипломатија и потпретседател на Владата, Антонио Тајани истакна дека е рано да се разговара за испраќање на меѓународен контингент во Украина, бидејќи сè уште трае војната.

Велика Британија и Полска соопштија дека дебатираат дали ќе испратат војници во Украина.

Додека шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок наведе дека не треба да се исклучи таквата можност, но канцеларот Олаф Шолц не ја поддржа.

Back to top button
Close