Каде е пиштолот на Боре Видевски?- Палчо бараше одговор од сведок вработен во СВР Велес
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше сведок предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски. Станува збор за вработен во СВР Велес.
На прашањето на Палевски, што превземал бидејќи бил многу активен во истрагата, сведокот рече:
-Бевме вклучени во истрагата по исчезнатиот Панче Жежовски. Беше извршена потрга на теренот и во околината на Велес. Беа прегледани снимки од камери, од влезовите и излезите на Велес, со цел лоцирање на Жежовски или на неговото возило, одговор сведокот.
На прашањето пак дали тој ги прегледал камерите од хотел Романтик, рече:
-Да јас, заедно со други колеги.
Палевски од службената белешка на сведокот прочита дека било наведено дека од снимките се гледа дека во возилото ,,рено кангу” имало две лица и едно во ,,цитроен”. Па, потоа праша како биле облечени?
-Не можам да ви дадам одговор бидејќи камерите ги гледав многу одамна, рече сведокот.
Палевски потоа го праша сведокот зошто не бил одземен пиштол од Боро Видевски, бидејќи при претресот била пронајдена дозвола за пиштолот, како и за една ловна пушка.
Сведокот одговори дека при претресот не бил најден пиштолот, туку само ловната пушка, како и муниција за неа, но и куршуми за пиштолот.
…