Кој е чудовиштето?!

Мерсел Биљали

Нерон, римскиот император, решил да ја убие својата мајка Агрипина, која ја попречувала неговата нескротлива суровост. Поради конфликтот со неговата мајка и поради чувството на инфериорност, тој сериозно почнал да размислува како да ја убие. Се чувствувал како мајка му го прави будала и дека сите во империјата му се смеат затоа што таа управува со земјата, а не тој. Според Тацит, важна улога во ликвидацијата на Агрипина имала и Попea – љубовницата на Нерон. За да избегне сомневање за убивање на својата силна мајка, Нерон организирал фестивал со слоган: “Родителите имаат право да ги надгледуваат своите деца”.

Потоа ја поканил мајка си во својата вила во Баја во близина на Неапол. Дури ѝ понудил прекрасен позлатен брод да дојде на неговата забава бидејќи знаел дека таа го сака луксузот, и тешко ќе одолее да се појави пред сите во таков луксузен брод. Но, шестото сетило и кажало да не оди со брод, па таа ја одбила понудата и по копно стасала до вилата на синот. Нерон и дал на мајка си видно место и бил бескрајно љубезен, така што таа чувствувала дека сè е како што било на почетокот на неговото владеење. Бидејќи вечерата помина многу добро со големи почести кон мајката Агрипина, таа сепак реши да се врати на понудениот позлатен брод. Бродот почна да тоне, но Агрипина како одлична пливачка, се спасила и се вратила во својата вила.

Знаела дека нејзиниот син го организирал сето тоа, но решила да глуми наивност и му испратила на синот порака дека е жива благодарение на волјата на боговите. После тоа, Нерон го испратил Аникетус да ја заврши работата што ја започнал. Кoга Агрипина се соочила со својата неизбежна смрт, им рекла на своите убијци да и ја отсечат утробата, каде што се развило чудовиштето, а тие со задоволство ја исполниле нејзината „желба“.

Има многу случаи на монструнски убивања нa блиски роднини па и цели народи поради страста за власт и пари. Денешниве „убиства“ не мора да бидат само физички. Денешниве „масовни убиства“ најмногу се за гола власт од страна на евтини луѓе со ептен контаминирана совест. Раководството кое не успева да постигне економски раст и добро живеење за својот народ не може да е помалку од монструм!

Откако Владимир Путин дојде на власт, неговиот геополитички проект биле: да ги растури НАТО и ЕУ. Потоа почна со Јужна Осетија, со Абхазија (Грузија), со „автономните руски региони во Уукраина“, со Крим и конечно со инвазија над цела Украина. Следела огромна помош од Запад, особено од САД се до вториот мандат на Трамп.

Познато е дека Вашингтон ја создаде ЕУ со директен воен ангажман против фашизмот, потоа економски со „Маршаловиот план“, а сега администрацијата на Трамп пропагира дека ЕУ е создадена за да ги „измами“ САД?! Американскиот потпретседател Џ. Д.Венс јавно ги поддржа  екстремни германски десничари (фашисти) кои се за напуштање на ЕУ, за укинување на еврото, за укинување на санкциите против Русија и за напуштање на Парискиот договор за борба против климатските промени. Кој не знае каде оди, сигурно ќе стигне таму.

Европа се уште е во шок, откако нокдаун дојде од самиот „татко“. САД ја создадоа ЕУ, а сега ја фрлија во кал! Освен ако „трансакциската логика“ е многу против создавање конкуренција за себе. ЕУ има само 13 отсто од населението на планетата, ама економски понекогаш е втора, понекогаш трета економија во светот. Башка што власта на Трамп во голема мера е непријателски настроена кон либералните демократски вредности како што е владеењето на правото. Тие фаворизираат некаков техно-нихилистички тоталитаризам. Но, мора да се има мотивација. А таа е едноставна работа. Само го елиминираш она што ве демотивира.

Ова е директен удар кон цела Европа, бидејќи таа, со речиси половина милијарда луѓе, веќе претставува голем проблем и за САД. Па тројца американски претседатели бараа пристојно одвојување од проектот ЕУ, и дека секој да тргне по свои интереси. И тогаш кога рускиот гас се стави под санкции, а терминалите за ЛНГ (американскиот течен гас) беа кошница на изговор дека ЕУ е всушност само шкољка управувана од Германец кој асоцира на накоков „мал Хитлер“. Руско-германското пријателство воспоставено уште од времето на Меркел настрада од експлозијата над „Северен тек 2“.

Рака на срце, не се само САД виновни. И Европа не е без вина. Имено, по долгогодишно триење со САД околу тоа дали Франција треба да има сопствен нуклеарен арсенал, во 1966 година тогашниот француски претседател Шарл де Гол ја повлече својата земја од интегрираната команда на НАТО (не од самата алијанса, што е вообичаена заблуда) и побара од американските сили стационирани во Франција да си заминат. Како одговор, тогашниот американски државен секретар Дин Раск го праша Де Гол: „Дали тоа ги вклучува и мртвите Американци на воените гробишта“?

Кина ѝ пркоси на трговската војна на Трамп поставувајќи амбициозна цел за раст од 5 отсто, дека „ќе надвладее над секоја тешкотија“ Целта „ја нагласува нашата решеност да се соочиме со тешкотиите и напорно да ги исполниме“, рече во средата премиерот Ли Кианг, функционер број 2 на Кина, додека го доставуваше извештајот за работата на владата на отворањето на сесијата на Националниот народен конгрес (НПЦ), законодавниот дом на земјата со гумени марки.

Претходно, кинеската компанија за вештачка интелигенција „DeepSeek“ во приватна сопственост ја запрепасти силиконската долина со успехот на нејзиниот најнов модел со голем јазик и со отворен код. Дополнително на таа пресвртница: долгорочните планови на Пекинг за постигнување глобална доминација во зелените технологии вродија со плод, при што неговиот врвен производител на електрични возила, ривал на Тесла на Илон Маск. Вчера официјален Пекинг прати абер токму кога заврши 100-минутниот говор на трамп пред Конгресот: „Ако војната е она што го сакаат САД, без разлика дали тоа е тарифна војна, трговска војна или кој било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај – Кина сигнализирала дека е подготвена за „секаков вид војна“.

Перманентно сме имале сеење сомнеж и скептицизам во односите САД-ЕУ. Овој пат е достигната пресвртна точка, а држењето за нешто што веќе не постои е поопасно од именувањето со вистинско име. Урсула фон дер Лајен e нa мислење дека треба итно да ја вооружиме Европа. „Сега е од најголема важност да се зголемат инвестициите во одбраната на долг рок“ – рече таа на состанок на европските лидери во Лондон. Исто така сега е прашање дали Европа ќе ги користи тие пари над 200 милијарди евра замрзнати руски средства како средство за договарање со Русија или за помош на Украина.

Треба да се напомене дека иницијатива на американскиот претседател за ставање крај на војната во Украина го врати на дневен ред прашањето кое тлее уште од првиот мандат на Трамп – неговата повеќе или помалку формулирана закана дека САД би можеле да се повлечат од НАТО, оставајќи ги Европејците сами. Британскиот премиер Кир Стармер веќе одговори на овие грижи и најави зголемување на трошоците за одбрана на неговата земја до 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) до 2027 година.

САД, се разбира, имаат право да бараат од Европа повеќе, оти во име на узаемност едно време Американците гинеа на територијата на Европа за да се победи злото на нацизмот и фашизмот. Но, Америка веќе престана да се однесува како светски полицаец, оти амнестираа руска инвазија и окупација, па дури се воспоставуваат сојузи со окупатор. Путин изгледа не е веќе окупатор ама Зеленски е „диктатор“! Од тој агол сега веќе воопшто не ни е јасно кој е наш сојузник а кој противник, и од кого треба да се браниме? Застрашувачки е да се финансира и вооружува Украина без САД. Ова без дилема е најголемиот безбедносен предизвик за Европа од Студената војна. Но, не треба да се резонира со одмазда. Одмаздата се служи откако ќе се излади.

 

Што по мандатот на Трамп?

Наредните избори во САД  се во 2028 година, дури Трамп и републиканците да бидат отстранети од власт, сепак оваа земја стана ептен непредвидлива. За идната „пријателска“ администрација тешко би било да преземе какви било долгорочни обврски надвор од воспоставената нова економска и политичка реалност – откинати секакви врски со Европа. Таквото антиевропско семе не само што одамна е никнато во САД, туку неговите плодови станаа широко распространет национален специјалитет во Америка.

Ндажта е дека ова ќе помине за четри години, односно по Трамп би се сменила политиката! Но, за толку години многу мостови ќе бидат уништени. Освен тоа, како ќе се преговара со друга власт кога нејзините гласачи четири години поддрѓуваа ваква анти-ЕУ политика на Трамп. Овие избори покажуваат дека такво расположение не е изборен инцидент, туку трајна политичка волја на американските гласачи. Идната влада на демократите нема многу да се смени. Тогаш логично Европа ќе ја побара Кина. А сегашните Кинези размислуваат како Ватиканците – вечноста е името на времето. Можеби нешто се прави од страв, ама заедничкиот страв е корисна работа.

Украина ја плати својата желба да влезе во ЕУ и НАТО со животите на 600.000 свои граѓани и над 20 отсто од својата територија. Во резолуцијата на САД во ОН не се означува Москва како агресор и текстот не повикува на зачувување на украинскиот суверенитет и интегритет. Тоа значи дека Русија ќе добие голема територија од Украина, токму тој дел кај што се наоѓаат половина од ретките минерали, кои навидум сега се единствените како главно прашање. Затоа кавгата во Овална соба. НАТО не само што нема да постави ракетен штит во близина на рускиот регион, туку Путин ги бара од Трамп сите гаранции за неутралноста на Украина. Ама и Русија ќе плати со минерали оти договорот со Зеленски нормално дека го опфаќа и окупираниот дел.

Западот можеби веќе не постои во смисла во која постоеше до вчера, а идејата за лидер на слободниот свет можеби е романтична илузија, идеализам. Но, токму тоа е поентата: мора да имаме некои идеали, нели? Ајде конечно Европа да се обиде да му покаже на светот малку самодоверба. Таа има 500 милјони жители и силна економија. Потребно и е подобра функционалност што при вакви услови е лесно можно. Треба да се чека додека САД ја реши својата криза на идентитетот. Можеби тоа ќе потрае некое време, но Европа во меѓувреме има работа со себе. Европа мора да биде способна сама целосно да ја одврати агресијата, без разлика кој е агресорот. И тогаш треба да се повика духот на Де Гол кажано на САД за загинатите Американци и воените гробишта – дека засега вредностите за кои тие се жртвуваа сè уште опстојуваат.

Европа требаше да го забрани на време „Х“. Зависност од „Starlink“, „SpaceX“ или нешто друго поврзано со Маск се покажа како големо зло. Тоа е тројански коњ кој не може да биде поочигледен дури и ако е буквално биде напишан во ѕвездите. Штом двапати се сопнете на ист камен, проблемот е кај вас а не во каменот. Европејците треба да тргнат кон иднината бидејќи никој не успеал да се врати за да живее во минатото. Дури и грешките се корисни ако научиме нешто од нив. Кавгите треба да се избегнуваат, бидејќи во кавгите меѓу минатото и иднината се губи сегашноста.

Back to top button
Close