Таравари се повлече – Паркингот на Клинички нема да биде даден под концесија на „Ѓока констракшн“ од Албанија

Паркингот на Клинички центар „Мајка Тереза“ нема да биде даден под концесија со него да управува албанската фирма „Ѓока констракшн“.Бурните реакции во јавноста која во овој тендер виде обид за корупција прво го натера премиеротМицковски  во самоодбрана да ги најде виновни медиумите дека измислувале а министерот Таравари кој од почеток беше барем искрен и потврди дека бизнисмен од Тирана ке изгради две катни гаражи во кругот на клиниките и цели според него 10 години приходот ке се дели  99% за бизнисменот и само 1 % за клиниките.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска свика прес-конференција на која соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“. На маса се две опции за стопанисување со паркингот. Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар

Инаку, огласот, кој сега е поништен, предвидуваше приватниот инвеститор да вложи повеќе од десет милиони евра и  да изгради две монтажни катни гаражи. Имаше и неколку услови за тоа кој сѐ може да конкурира. Меѓу другото од нив се бараше да имаат искуство со изградба и стопанисување на „минимум еден мост, паркинг или слична конструкција“, да имаат најмалку 50 вработени и најмалку десет милиони евра приход годишно во последните три години.

Идејата за јавно-приватно партнерство за тој паркинг е стара. Физибилити студијата е изработена пред десетина години, кога министер за здравство беше Никола Тодоров, а потоа и неколкупати менувана.

 

Back to top button
Close