(ВИДЕО) Во Белград се спрема спектакуларен пречек на студентите -поставен и црвен килим

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад.

Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш

Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска,

Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.

Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија

Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.

Вучиќ, кој доминира во српската политика откако стана премиер во 2014 година, а потоа и претседател во 2017 година, нагласи дека демонстрантите никогаш нема да го принудат да се повлече.

„Ќе мора да ме убиете ако сакате да ме смените“.

Вучиќ „мобилизираше криминалци, насилници и членови на Црвени беретки, донесе луѓе од Косово и ги стационираше во Пионирски парк иако знае дека стотици илјади ќе се соберат таму в сабота“, напиша Драган Ѓилас, лидерот на опозициската Партија на слобода и правда правда, на Х.

Студентите го предводат националното движење против корупцијата што почна откако бетонска настрешница се урна на железничка станица во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе пред повеќе од четири месеци. Оттогаш – речиси секој ден има протести на студентите низ државата.

Вучиќ и неговата Српска напредна странка, се исфрлени од рамнотежа од студентските протести, движење без лидери кое бара коренити реформи во општеството.

Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото.

Повеќе од десетина лица се обвинети во врска со смртоносното уривање на настрешницата.

Тогашниот премиер, Милош Вучевиќ, поранешен градоначалник на Нови Сад кога започна реновирањето на станицата, поднесе оставка во јануари.

Вучиќ ја отфрли можноста за формирање преодна влада и одржување избори за шест месеци

Полицијата уапси шестмина опозициски активисти под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“ еден ден откако наводна снимка од нивната средба беше емитувана на провладините телевизиски станици во четвртокот.

 

Back to top button
Close