(ФОТО+ВИДЕО) Пожар во дискотека во Кочани, стравувања за десетици загинати
Десетици починати и близу 100 повредени е првичниот неофицијален биланс по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесуваат неколку медиуми повикувајќи се на лекарски и полициски извори. Како што извести околу 4:30 часот по полноќ локалното „Радио Кочани“, пожарот се случил утрово околу 3:00 часот по полноќ за време на концерт на групата ДНК во градот. Во гаснењето учествувале возила на Територијалната противпожарна заштита, но ниту тие ниту медицинските тимови на терен не биле ниту одблизу доволни за да ги спасат сите настрадани. Помагале цивили и со цивилни возила.

На Фејсбук провилот „Телевизија Кочани“ е објавено видео од спасувачките напори.
„Слободен Печат“, повикувајќи се на разговор со директорката на кочанската болница, доктор Кристина Серафимова, изјавила дека починати има, но дека јавниот обвинител и забранил да каже колку.
„Од повредените околу 60 пациенти се препратени за Штип во таа болница, а кај нас 30 се задржани“,
изјавила Кристина Серафимова за „Слободен Печат“.
Порталот „Сакам да кажам“, пак, јавува за околу 30 починати повикувајќи се на првични информации на екипите на Дирекцијатаза заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Според тие извори на медиумот, повредени се околу 100 лица. Станува збор за млади луѓе. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјавил дека во Кочани се заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Работата на собирање на информации по што ќе дадат официјална информација.

На едно од видеата објавени на социјалните мрежи може да се види пламенот и звуци на пукање. Првичните непотврдени информации се дека во дискотеката биле употребувани пиротехнички средства.