Ракометарите на Охрид го освоија пехарот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“

Ракометарите на ГРК Охрид триумфираа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако синоќа во финалниот натпревар го совладаа Еурофарм Пелистер со 31-26.

Финалето донесе квалитетен и возбудлив натпревар што се одигра во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Ракометарите на ГРК Охрид заслужено дојдоа до пехарот, откако имаа водство во најголем дел од натпреварот, а на голот го имаа и одличниот Бојан Блажески кој беше прогласен за играч на финалето.

Блажески се најде и во идеалниот тим на турнирот заедно со уште двајца соиграчи, крилото Ѓукиќ и бекот Иванковиќ кој беше прогласен за најдобар играч на четвртото издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој македонскиот ракометен прволигаш го организираше заедно со Општина Охрид.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close