Јана Белчева со демант до Либертас

Во периодот од 27-30.10.2025 година на Либертас е објавен текст со наслов: „Зетот на Јана Белчева „го бетонизира“ Центар, дозвола добил од Богдановиќ“, во кој е содржана следната изјава:

Јана Белчева испрати демант до Либертас во кој пишува дека ваквото тврдење е злонамерно и не е базирано на докази ниту пак е резултат на било каква интелектуална анализа. Тврдењето нема за цел да покрене прашање од јавен интерес односно единствената цел е да се дискредитира името на Јана Белчева- Андреевска, поранешна советничка во Општина Центар.

Порталот libertas.mk се извинува за изнесените невистини во однос на  улогата и значењето на Јана Белчева Андреевска при донесувањето на одобрението за градење од 1 октомври 2021 година со кое се изведува станбена зграда на улицата „Коста Шахов“ бр. 8, веднаш до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, со оглед на фактот дека во 2021 година не била претседател на советот на Општина Центар, а како советник, согласно закон, немала и не можела да има никаква улога, надлежност или влијание врз индивидуално одобрение за градење.

Исто така, порталот ги повлекува изнесените невистини за наводна вмешаност на Јана Белчева Андреевска при донесување на одлука на Советот на Општина Центар во 2014 година, а поврзани со имот од нејзината мајка, со оглед на фактот дека Јана Белчева Андреевска во 2014 не била дел од Советот на Општина Центар.”

Back to top button
Close