Барселона се враќа на „Камп Ноу“

Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го потврди враќањето на својот стадион „Камп Ноу“. Тоа ќе биде натпреварот од 13.коло од Ла Лига против Атлетик Билабо. Влезниците за дуелот се веќе пуштени во продажба.
Стадионот сега е со ограничен капацитет од 45.401 место, а клубот сè уште ги нема сите потребни лиценци. Со комплетното реновирање стадионот ќе може да прими 105.000 гледачи.
Реновирањето на стадионот почна во јули 2023 година, а Барселона своите натпревари ги играше на „Монжуик“ и на стадионот „Јохан Кројф“. Во клубот имаат план следниот натпревар од Лигата на шампионите кога се домаќини на 9.декември со Ајнтрахт да играат на „Камп Ноу“.






