Најмалку 14 лица загинаа при превртување на автобус во Алжир

При превртување на автобус кој превезувал патници на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, на крајниот југ на Алжир, загинаа 14 лица, а 34 се повредени, соопштија денеска претставници на локалната цивилна заштита.
На фотографиите објавени од локалните медиумски сајтови се гледа автобусот како превртен лежи на покривот покрај патот, во градот Тебелбала, на околу 400 километри јужно од Бешар, на југот на земјата, пренесува Фигаро.
Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изјави дека е „ожалостен“ поради несреќата и изрази сочувство до семејствата на жртвите.






