ЗОИ2026: Канада прв финалист во хокеј на мраз

 


Хокеарската репрезентација на Канада е првиот финалист на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано, откако во полуфиналето вечерва го совлада бранителот на титулата Финска со 3-2 (0-1, 1-1, 2-0).

Канаѓаните и Финците прикажаа фантастична хокеарска претстава, при што Финците водеа со 2-0, но Канаѓаните успеаја целосно да го свртат резултатот со гол на 35 секунди пред крајот.

Во финалето в недела од 14:15 часот, Канада ќе игра против победникот од второто полуфинале, во кое вечерва ќе играат САД и Словачка.

Канаѓаните во неделното финале ќе се обидат да ја освојат својата 10 олимписка титула во историјата. Ова е шести пат хокеарите од НХЛ лигата да играат на Зимските олимписки игри, а во претходните пет изданија (од 1998 до 2014 година), Канада трипати освои злато (2002, 2010, 2014 година).

Back to top button
Close