Аталанта во драматичен натпревар обезбеди осминафинале во Лигата на шампиони

Фудбалерите на Аталанта се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш натпревар пред своите гледачи во Бергамо ја совладаа Борусија со 4-1 и со тоа ја надоместија негативата од 0-2 од првиот дуел во Дортмунд.

Аталанта веќе по првото полувреме ја анулираше предноста на германскиот тим со головите на Скамака во 5 и Запакоста во 45 минут, пред Пашалиќ во 57 минута да биде прецизен за 3-0.

Со голот на Адејеми во 75 минута, Борусија Дортмунд го израмни вкупниот резултат на 3-3, но Самарџиќ од пенал во осмата минута од судиското продолжение му донесе осминафинале на италијанскиот тим.

Последните три екипи кои ќе изборат пласман во осминафиналето ќе бидат познати вечерва по реванш пресметките меѓу ПСЖ – Монако (3-2), Јувентус – Галатасарај (2-5) и Реал Мадрид – Бенфика (1-0).ег

Back to top button
Close