СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Мијалков која беше дел од бомбите
Одлуката на новиот јавен обвинител Ненад Савески да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство е уште еден доказ дека власта системски се обидува да го партизира правосудството со свои инсталации, велат од СДСМ.
„По теркот на Груевски, со договорени судии и обивнители од „тевтерчето“ кои граѓаните многу добро го знаат.
Името на Костеска-Здравеска се споменуваше во разговорите од бомбите, меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска во кои се договараше нејзиниот избор.
„Таа што сме ја договарале“, „Ја квалификувавме како наша“ „Мажи и у Лустрациска“ и „Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот.
Тоа беше разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска (линк до бомбата: https://www.youtube.com/watch?v=n5EZZ07ntsQ , 19.33)
Таа е сопруга на Вецко Здравески кој беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого ВМРО и го лустрираше.
Вака ли Савески ќе спроведува „реформи“ со партиските кадри на ВМРО?
Савески треба да одговори дали ова му била дадена како задача лично од Мицкоски?
-Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница.
-Советници на Мицкоски и сопруги на градоначалници на ВМРО се бираат за судии.
-Власта со напади на СЈО за рушење на пресудите и враќање на Груевски.
-Се спрема нова кампања со Боки 13 и Катица Јанева.
-Црни кампањи и јавен линч на опозицијата.
Се враќаме во 2016 година!“, стои во соопштението од СДСМ.






