Двојна круна за Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен сезонава ја завршија со освоена дупла круна во Германија, откако синоќа во Берлин во финалето од Купот го совладаа Штутгарт со 3:0. Најдобар поединец на натпреварот беше англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој постигна хет – трик.
По првиот дел немаше голови, а Баерн поведе во 55.минута, а во финишот на натпреварот го постигна вториот гол. Во судиското надополнување на вториот дел Кејн го постигна и третиот гол откако го реализираше досудениот пенал.
За Баерн ова беше 21.иот трофеј во Купот на Германија.






