Пол позиција за Џорџ Расел на ГН на Канада

По победата во спринт трката возачот на Мерцедес Џорџ Расел постигна и најдобро време во квалификациите на трката за ГН на Канада и на тој начин ја обезбеди пол позицијата. Второто место во квалификациите му припадна на клупскиот колега Кими Антонели.

Во вториот ред се двата болида на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри., па следуваат Луис Хамилтон (Ферари) и Макс Верстапен (Ред Бул).

Трката за Големата Награда на Канада се вози на патеката Жил Вилнев и почетокот е вечерва од 22 часот.

Back to top button
Close