Без повредениот Барди против БиХ и Турција

Капитенот Енис Барди поради повреда на коленото ќе ги пропушти двата претстојни контролни натпревари на македонската фудбалска репрезентација против БиХ и Турција.
„Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот“, објави вечерва Фудбалската федерација на Македонија.
Македонските фудбалери в петок ѝ гостуваат на Босна и Херцеговина во Сараево, по што на 1. јуни во Истанбул ги очекува дуел против Турција.
Двата натпревари против селекции кои ќе настапат на претстојното Светско првенство за избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски ќе бидат подготовка за премиерниот настап во Б-дивизијата во Лигата на нации оваа есен.






