СП 2026: Репрезентативец на Иран нема повеќе валидна дозвола за влез во САД

Репрезентативецот на Иран Мехди Тораби нема да може повеќе да настапува за својата репрезентација на натпревари кои ќе се играат во САД. Тораби нема повеќе валидна виза за влез и престој во САД односно неговата виза била само за еден влез.
За Иран во групата остануваат да одиграат уште два натпревара против Белгија во Лос Анџелес (21.јуни) и против Египет во Сиетл (27.јуни), откако ноќеска во првиот дуел одигра нерешено 2:2 со Нов Зеланд.
Репрезентативците на Иран се жалат на постапките на американските власти, кои буквално ги натерале веднаш да ја напуштат државата и да се вратат во својот камп во Тихуана, Мексико. Фудбалската федерација на Иран во последен момент со дозвола на ФИФА направи промена на локацијата на кампот и наместо во Аризона одбраа да бидат во Мексико.
Фудбалската федерација на Иран поднела веќе барање за нова виза за Тораби, а ќе се обидат и со посредство на ФИФА играчот да добие нова виза, иако е тешко за очекување.
31-годишниот Тораби против Нов Зеланд го одигра својот 51.натпревар за репрезентацијата и има постигнато седум голови






