СП 2026: Голманот на Швајцарија остана без зборови по натпреварот

Репрезентацијата на Швајцарија оствари резултат достоен за почит – пласман во четвртфиналето за прв пат по 1954 година. Швајцарија во осминафиналето по изведувањето на пенали ја победи Колумбија со 4:3 откако беше 0:0. Голманот на Швајцарија, Грегор Кобел успеа во четвртата серија да го одбрани пеналот на Кучо Хернандез, што се покажа и како решавачко.

–   Веќе им кажав (на соиграчите), навистина сум лош во зборувањето за моите емоции веднаш по натпреварот. Да, без зборови сум. Едноставно е (неверојатно) чувство, неверојатна победа за нас, да бидеме тука, да бидеме во четвртфиналето на Светското првенство, на оваа сцена. Колку и да сме мала земја, тоа е неверојатно и да, не можам да го опишам со зборови, изјави Кобел.

Следен противник на Швајцарија ќе биде светскиот првак Аргентина, а натпреварот ќе се игра во Канзас Сити.

Back to top button
Close