СП 2026: Боли ваква елиминација – истакнуваат Швајцарците

Светското првенство репрезентацијата на Швајцарија го заврши во четвртфиналето по поразот во продолжение од светскиот првак Аргентина со 3:1. Но, за Швајцарија најтешко е начинот на кој оваа репрезентација испадна.
Забелешки имаат на одлуката во 72.минута кога по прегледувањето на ВАР снимката на Аргентинецот Леандро Паредес му беше поништен жолтиот картон, а поради симулација му беше доделен на Брил Емболо од Швајцарија што за него беше втор жолт и автоматски црвен картон.
Швајцарија беше рамноправен ривал со светскиот првак.
– Секоја чест за моите фудбалери како играа четвртфинале против светските прваци, а особено по израмнувањето. Бевме во налет и се подготвував за измени за напад. Тоа правило не врска со фудбалот, а казнети сме поради тоа. Тоа правило го уништи натпреварот. Боли ваква елиминација, изјави селекторот на Швајцарија Мурат Јакин.
Главен судија на дуелот Аргентина – Швајцарија беше Жоао Пинеиро од Португалија.





