Шкендија се намачи за победа во реваншот со Европа

Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста.
Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута.
Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови.
Победата од 5:0 на првиот дуел беше доволен „капитал“ за Шкендија за пласман во следната рунда, каде противник ќе им биде екипата на Браво од Словенија.






