Пирло ќе биде новиот селектор на Италија

Андреа Пирло треба да биде новиот селектор на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми и познатиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Пирло постигнал устен договор со фудбалската федерација на Италија.
Тој дал согласност за планот на Паоло Малдини и Леонардо и во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор.
За 47-годишниот Пирло ова би требало да биде најголем предизвик во тренерската кариера. Со репрезентацијата на Италија во 2006 година ја освои титулата светски првак, а како тренер го предводеше Јувентус, како и турскиот тим Карагумрук и Сампдорија од Џенова.
Негова основна задача е на Италија да и обезбеди континуитет на настапи на големите натпреварувања.
Фудбалската федерација на Италија за селектор планираше да ги ангажира Пеп Гвардиола или Карко Анчелоти, но очигледно не успеала да постигне договор со еден од нив двајцата.






