Aко не си поднесат оставки и тераат инает ќе им се случел народ кој ќе го предводел тој. Нова закана од Мицковски за членовите на судскиот совет.
Премиерот, Христијан Мицкоски вечерва во гостување на Канал 5 најави дека ќе има протести или како што рече „ќе им се случи народ“ ако членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки. На тие протести тој ќе биде во првите редови.
„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од два или три отсто, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи“, истакна премиерот Мицкоски.
„Правда не може да има како сега со судии или обвинители или пак членови на Судски совет и Совет на јавни обвинители кои се од партиски штабови. Тука има луѓе за кои има докази кои се или како се. На крајот на денот ние сите овие процеси кои ги водиме, не ги водиме за да биде исто, нема причина за да биде исто, само со нови луѓе. Имаме извештај од Оценската мисија кој јасно дава насоки како да се движат реформите и истите ќе ги имплементираме. Ќе се држиме до извештајот, само нешто да се смени, затоа што не оди вака, ако сакаме да имаме држава. Сакам да имаме држава и моите деца да растат во оваа држава и да основаат семејства во оваа држава, јас ќе се борам за таква држава“, рече Мицкоски.
Попладнево за притисокот од власта до судскиот совет се огласи известувачотт на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, оцени дека повикот на Владата до членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност, е загрижувачки знак за политичко мешање во судството.
„Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, коишто се темелни вредности на патот на Северна Македонија кон ЕУ, наведува Вајц во пишаната изјава до медиумите.