Балет за Нуреев отстранет од репертоарот на Бољшој – промовирал “нетрадиционален” стил на живот
Московскиот Бољшој театар го отстрани од својот репертоар современиот балет за легендарниот руски танчер Рудолф Нуреев, по проширувањето на законската забрана за „ЛГБТ пропаганда“.
Законот усвоен во ноември ја прошири постоечката забрана за материјали кои се сметаат за промовирање на ЛГБТ начин на живот, а „демонстрирањето“ на ЛГБТ однесување е исто така ограничено.
Поради ова, секое прикажување на хомосексуалноста, како што е односот на Нуреев со мажите по бегството од Советскиот Сојуз во 1961 година, е речиси невозможно, пренесува Хина.
Споменатиот балет во кореографија на Кирил Серебреников има проблематична историја во Русија.
…