Чурук народ

Значи стварно, срам да ни е. Да не си им во кожа на власта, на владините и општинските функционери, на државните директори и службеници во јавната администрација… Цело време се изложени на агресивните граѓанки и граѓани кои безмилосно им нудат пари. А тие пак, сиромашките, што да прават?

Кој од сожалување, кој од немајкаде, за да те откачи, кој да не те навреди, нема смисла, кога веќе си запнал да платиш – ќе си ги примат парите. Според спотовите и билбордите што ги гледаме, концептот на владината кампања за борба против корупцијата е: народот е корумпиран, нуди поткуп, а чесната власт одвај се брани.

Ние сме корумпирани кога одиме да бараме сервис од државата. А тие што ти бараат пари да ти завршат работа за која веќе сме платиле за да земат легална плата – не се корумпирани. Најтешко им е кога има тендери и јавни набавки.

Тогаш особено се чувствува агресивноста на луѓето да нудат провизии. А чесните државни службеници не се разбираат во проценти. Кампањата има и образовна компонента со поука: Немој така, сега сè се гледа. Кај и да е и обука ќе организраат, за владините службеници да тренираат како да се заштитат од овој чурук народ.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК мк

Back to top button
Close