(Дополнето) ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Претепан новинарот Зоран Божиновски
Вчера вечер е претепан новинарот Зоран Божиновски уредник на порталот „буревесник“. Тој со телесни повреди е пренесен во болница, објави Инфомакс.
Според првичните информации Божиновски бил претепан пред својата зграда.
-На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница – изјавила за Плусинфо сопругата на Божиновски, Панда Солунчевска, која била со него за време на нападот.
Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.
-Вечерва ХИЕНИТЕ на ПОСЕРКОТО, ЗАЈЕБ, ВАСКО Електричарот клептомански кој и да е, ОЛИГАРХИСКИТЕ ХИЕНИ се во ГЛУТНИЦА, така крадат и така тепаат ЛУЃЕ…
Очигледно овој што ова го направил, од прилика знам и кој е малоумникот кој пратил КУРТОНИ со КАЧУЛКИ на глава кај ЗОКИ пред зграда, ќе наебе квалитетно, КЛОШАРОТ Мијале е мала беба за разлика од овој кретен и овој настан..ВЕТУВАЊЕ е ОВА-напиша Палевски.
Случајот бил пријавен во полиција, од каде засега сè уште нема информации за настанот.
Инаку, ова не е прв физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој се најде и на обвинителна клупа во случајот „Шпион