Ефковски- Дали да продолжам со принесување на информации околу Ковид-19 или да ве остави човек на вашиот господ,

Често во мене се кршат копја, дали да продолжам со принесување на информации околу Ковид-19 или да ве остави човек на вашиот господ, судбина ..
Па ако може некој нека ми одговори на прашањето:
Колку варијанти, подваријанти, смртни случаи и морбидитети сме подготвени да прифатиме тука во Македонија?
Соочувајќи се со подваријантите БА.4 и БА.5 на Омикрон, кои се покажуваат за сега како доста заразни, заштитата на најризичните и најранливите луѓе во заедницата, е најнеопходната хуманитарна превентивна мерка која требаше да се спроведе уште “вчера” ..
Ако на овие групи во богатите земји им е потребна заштитата од вакцини и бустери, тогаш зошто овде спиеме? Дали навистина сметате дека сме нешто поразлични во имунитетот или во Македонија луѓето сепак се сметаат за потрошен материјал?
Како да постои некој нов култ кон вирусот во кој сметаат дека е потребно уште жртви да му принесеме. 🤬
Државава штотуку закрепна од првиот Омикрон бран на BA.1, BA.2, BA.2.12.1 од почетокот на годината (немаме точен податок која варијанта, бидејќи толку МК секвенционира), за сега да се соочуваме со две дополнителни варијанти, кои може поединечно или колективно да го надминат првиот бран на Омикрон.
Заштитата на здравјето на луѓето, на животот, не смее да е само празна флоскула на политичарите.
Во Обединетото Кралство, инфекциите скокнаа за неколку стотици илјади во претходните недели поради новите соеви. САД се соочуваат со слични стапки на раст, дневните бројки на заразени скоро ќе им бидат во милиони.
За брзо ќе го видиме целосното влијание на БА.4 и БА.5, (наскоро многу веројатно и на БА.2.75), врз здравствените системи, хоспитализациите и смртноста. Лошото во моментов е што сите земји (освен Кина), ги напуштија јавно здравствените мерки за ублажување на пандемијата, за превенција на ширењето, кое значи дека безбедноста и заштитата од вирусот е оставена единствено на поединецот. За мене ова е трагично жална состојба, кога постои континуиран напад од САРС-КоВ-2 варијантите.
Точно е, кај нас народот го прифати однесувањето и концептот на властите (се е во најдобар ред), но одново ќе прашам – Колку варијанти, подваријанти, смртни случаи и морбидитети сме подготвени да прифатиме тука во Македонија?

Илчо Ефкоски

Back to top button
Close