Ефковски: Kако воздухот во затворени простории да биде ко оној на ливада

Постои начин како да се спасиме не само од пандемиското влијание на САРС-КоВ-2, туку и на многу други патогени.
Решението е во три мерки со кои може да се постигне воздухот да е чист во затворените простории исто како да сте во ливадите низ Лазарополе. Што е можеби најважно, овие мерки не зависат од човековото однесување (носи/не носи маска, мие/не мие раце, се вакцинирал или не, итн.)

Првите две се вентилацијата и филтрацијата на воздухот кои доста ги објаснував во овие две години, третата е дезинфекција на воздухот преку УВЦ ламба (far-UVC) која нема влијание врз човечкото здравје, а истата ги уништуваат патогените во затворените простории и до 98% за само 5 мин.

Ултравиолетовото зрачење УВЦ не е ништо ново во медицината, тоа се употребува активно од 1903 година, а од 1910 година активно се користи за дезинфекција на водите. Истото немало широка примена поради негативниот ефект врз здравјето на човекот, а просториите не можеле да се користат од луѓето се додека работи ламбата. Развојот во оваа технологија во овие две години, успева да ги филтрира лошите влијанија на долгите ултравиолетови зраци врз човечкото здравје, па сега УВЦ ламбите (far-UVC) имаат можност да се користат и додека луѓето се присатни во просторот.

Бидејќи оваa светлина ги убива патогените, тие немаат можност за развивање на резистентност или создавање на нови поотпорни варијанти, она што реално ни се случува и со антибиотиците и со вакцините.
Ова светло не е скапо, едноставно е за инсталација и не бара промена на однесувањето во јавноста.

Најважно од се, ова светло е безбеден начин да превенираме трансмисија на сите вируси и нивни варијанти (не само на САРС-КоВ-2), како и на идни пандемии. Во комбинација со вентилација и филтрација на воздухот, може да обезбедиме и до 99,99% безбедна средина за луѓето, во која нема да има потреба од масовна имунизација преку вакцини и нема да има потреба од дополнителни мерки за заштита како маски, социјална, физичка дистанца, вакцинација за сите, итн.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close