Есеј за империите , односно за царствата


По уривањето на Берлинскиот ѕид (1989) дипломат од умгарската амбасада во Варшава со кој имавме воспоставено мошне блиски, пријателски односи во една пригода рече Е да знаеш сега ќе се обновува Австро-Унгарската империја. Во тоа време мошне актуелно беше обединувањето на Германија, кое во Полска предизвика паника, која граничше со параноја! Полјаците беа ибезумени поради евентуалните ревандикации на Германија кон западните предели на Полска, кои и беа доделени како компензација за источните полски територии кои Сталин ги припои кон Советскиот Сојуз. Стравот на Полјаците се покажа како ирационален и неоснован, слично како и најавата за обнова на Австро-Унгарската империја.
Прагматичните Германци извлекоа поуки од Втората светска војна, така што како приоритетно прашање за нив беше обновата на разрушената држава и нејзината економија, а не територијалните ревандикации. Благодарејќи на огромната помош од познатиот американски Маршалов план и економските реформи на познатиот германскки политичар Људвиг Ерхард, кој е познат како творец на германското економско чудо, Германија успеа да прерасне во водечка економска сила во западна Европа и најголем извозник во светот. Значајно би било да се нагласи подготвеноста на Германците за покајување за жртвите на фашизмот. Поранешниот германски канцелер Вили Брант за време на посетата на Полска клекна на колена пред музејот на холокаустот во Варшава и се извини за жртвите на фашизмот. Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, чиј татко загинал на територијата на Романија во борбата со германската војска, за време на една официјална посета на Романија, прв пат го посети гробот на неговиот татко. По завршувањето на мандатот,,Герхард Шредер ја презеде улогата претставник на руската компанија ГАСПРОМ во Германија и се спротивставува на одлуките на западните земји за воведување на санкции кон Русија, вклучително и одлуката за забрана на увоз на руски природен гас!
За зајакнување на мирот и стабилноста во Европа, вклучително и на западниот Балкан мошне важна е заемната доверба на европските и балканските држави, со ставање на страна историските хипотеки и определба за зајакнување на мирот и стабилноста и интересите на идните генерации. Во тој поглед како најдобар пример можат да се наведат односите и соработката меѓу Германија и Чешката Република. Хитлер ги погази одредбите од Минхенскиот договор (1938) и ги окупира Судетите. Сега во односите меѓу двете земји постои голема доверба. Мој пријател , кој повеќе од 4 децении живее и работи во Прага, ми кажа дека на некој состанок на министрите за финансии на членките на ЕУ,чешкиот министер поради други обврски не можел да учествува на состанокот и го замолил германскиот министер да ги застапува интересите и на Чешката Република согласно инструкциите што ги добил од својот чешки колега. Дали вакво нешто може воопшто да се замисли на Балканот и посебно на западниот Балкан? Добро би било земјите од западниот Балкан сериозно да ги разгледаат причините за огромната недоверба која постои во нивните заемни односи и соработка.
Да се вратиме на темата за империите. Би сакал да нагласам дека немам намера да се занимавам со дескрипција на империите, туку ќе се осврнам на улогата на некои моќни империи во светската политика. Во историјата како најголема империја важи Британската заедница на народите, (Комонвелт) за која се вели дека сонцето во неа никогаш не заоѓа. Оваа заедница се одржува благодарејќи на демократските принципи на кои е поставена. Членките на оваа заедница имаат право да не го признаваат британскиот суверен за шеф и на нивните држави и да си изберат шеф на нивните државаи, како и можноста да ја напуштат оваа заедница.. Економските интереси се темел на кој почива, функционира и опстојува оваа заедница Во историјата како една од најголемите е запишана и Монголската империја, односно царството на Џингис Кан, кое оставило траги во културите на некои земји кои припаѓале на оваа империја. Унгарски дипломат нагласува дека Финците се најблизок народ на Унгарците и дека во монголскиот, во финскиот и во унгарскиот јазик има исти зборови, меѓу кои е и заборот батор (херој).Покрај спомнатите две, постојат и други империи, меѓу кои позначајни се римската, отоманската, руската (советската) ,француската итн..Меѓутоа, малку се пишува за американската империја, односно за империјата на доларот кој важи за клучна светска валута, со која САД имаат воспоставено глобална империја. Нималку не чудно тоа што САД статусот на доларот во светот го бранат упорно и со сите средства. Обидите на разни меѓународни организации за детронизација на доларот се покажаа неуспешни. Поранешните социјалистички земји членки на СЕВ помпезно најавуваа дека ќе создаваат светски социјалистички економски систем, светски социјалистички пазар и своја валута но не само што не успеаа, туку придонесоа за одалечување на овие земји од светскиот пазар, кои ги загубија координатите и доживеаа крах. Земјите членки на БРИКС исто така најавуваа воспоставување на своја валута, но, во последно време се однесуваат воздржано. Поранешните лидери на Ирак Садам Хусеин и на Либија Моамер Гадафи отидоа „курбан“ по најавата дека цената на нафтата ќе ја изразуваат и наплатуваат во швајцарски франци.
Во светската историја, а разбирливо и во македонската историја се спомнува империјата на Александар Македонски, меѓутоа, и покрај тоа што секој Македонец може да биде горд со ликот на Александар Македонски, мислам дека неговата империја тешко би можела да ги исполни критериумит, за импарија. Мисијата на Александар Македонски би можела да се третира првенствено како поход во Азија (до Химилаите), но, факт е дека тој не успеал да создаде држава со утврдени граници и со позната престолнина, а не се знае ни каде е неговиот гроб! Меѓутоа, ако се има предвид дека сите балкански земји, а посебно земјите од западен Балкан пишуваат свои истории на основа на историски митови/легенди, тогаш никој не би требало да го оспорува правото на Македонците и тие да пишуваат своја историја.. Пред неколку години во еден напис напишав дека најголеми импровизации се прават во историјата, во астрономијата и во археологијјата. Практично сите балкански земји поврзуваат важни настани кои се случиле на нивните територии пред пет, шест, па и повеќе векови и истите ги ставаат во функција на нивните актуелните потреби (цар Душан, крал Милутин, Битката на Марица, Битката на Косово поле итн.). Во времето на Отоманската империја не се бележат какви било национални движења се до балканските војни!?
Амбициите на некои европски земји за обнова на нивните поранешни империи носат големи опасности за мирот и стабилноста не само во Европа, туку и пошроко.. „Специјалната воена операција“ на Русија во Украина е најдобра потврда за загрозување на мирот и стабилноста во Европа, но и во светот. Без каква било намера да се ставам на страната на која било од двете спомнати земји убеден сум дека на крајот тие ќе бидат најголеми губитници, а ќе профитираат само мултинационалните компании. Две соседни земји со слични култури и јазик на кој добро се разбираат решиле да водат војна до „истребување“. По распадот на Советскиот Сојуз, рускиот лидер Путин реши да ја обнови руската империја, не водејќи сметка за битно променетите состојби во меѓународните односи. Поради војната голем број украински граѓани ја напуштија Украина и најверојатно значителен број од бегалците нема да се вратат во својата татковина.
Ссостојбите на Балканот, а посебно на западниот Балкан се битно отежнати поради големо државните амбиции на некои лидери на балканските земји. Главен проблем на Балканот е тоа што на мал простор постојат многу релтивно мали земји, кои функционираат по принципот на племенски заедници, потоа фактот што во овој регион се судираат интересите на светските и регионалните сили, како и наследствата од повеќе цивилизации, култури, идеологии и систаеми: источно и западно христијансто, исламот, јудеизмот, комунизмот, социјализмот и слично. Во овој регион се уште се мошне силно вкоренети традициите на авторитарно владеење (султанот, царот, кралот, претседателот, генералниот секретар на комунистичката партија и тн.) кое е мошне сериозна препрека за воспоставување на демократијата, владеењето на правото, цивилното општество и останатите цивилизациски вредности. Додека модерниот свет е преокупиран со четвртата индустриска револуција, поточно со информатичката технологија „големите“ лидери на балканските банана држзви се преокупирани со историјата, со создавањето на големи државни творби и на тој начин ги загрозуваат мирот и стабилноста не само во регионот, туку и пошироко! Со желба да и врати на Русија за ослободувањето и создавањето на Сан-стефанска, односно големе Бугарија, Бугарите се подготвени да ја жртвуваат Република Македонија со цел да ја обноват нивната големо државна творба. Сан-стефанска Бугарија. Апелирам до македонските политичари да учат од Албнците какко се води политика и како се создава и брани држава. Пред неколку дена во скопската населба Чаир во присуство на американската амбасадорка Брнз беше отворен плоштад кој е именуван по американскиот претседател Вудро Вилсон. Хашкиот затвореник Харадинај апелира преговорите меѓу Белград и Приштина да се водат под патронат на САД, а не на ЕУ! А, поранешниот државен секретар во македонското МНР кој не се симнува од прорежимските медиуми и како вистински дипломатски морон „блуе“ отров против САД! Безброј пати пишував а и сеге ќе нагласам дека најголема несреќа на РМ беше изборот на првиот егоцентричен македонски претседател, кој доколку ја прифатеше понудата на исткнатиот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да помогне околу признавањето и афирмацијата, РМ сега ќе беше во неспоредливо подобра состојба и ќе ги избегнеше голготата и тормозењата од страна порано на Грција, а сега од Бугарија!

Скопје, 27 август 2022 година
Коста Стоименовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close