ГАЛЕРИЈА: Започна маршот за женски права
Под мотото “Нека јадат ружи” пред универзалната сала започна маршот за женски права
Организаторот повикува на женски марш и на солидарен женски бојкот за да се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените.
-8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази. Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме, не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија, велат од Платформата за родова еднаквост.
Независно од законите промените на ниво на менталитет и култура, тивките социјални притисоци и повнатрешнети очекувања остануваат отпорна ретроградна енергија во борбата за економска политичка и социјална еднаквост на жените.
Независно од законите, во образованието се уште се присутни мизогини наративи кои ги учат 12 годишните девојчиња дека насилството, демнењето и киднапирањето се дел “романсата”.
Само околу 28% од жените во земјава поседуваат имот, а во руралните средини само 5% од жените имаат имот на свое име (најчесто вдовици).
Само 18 од 100 анкетирани жени во руралните средини одговориле дека родителите рамноправно го распределиле имотот меѓу братот и сестрата, останатите биле родово дискриминирани во рамките на своето семејство
Голема дискрапанца има и во (не)споделеноста на обврските во домот, кои во најголем дел паѓаат на грбот на жените. Ова може да доведе и до финансиска зависност од партнерот но и до економско насилство кое премногу често останува незабележано во претежно патријархалните општества, каде што жените трошат двојно повеќе време на неплатена работа од мажите и сочинуваат непропорционално поголем дел од невработеното население.
галерија: Либертас