Горчината од бугарските навреди

Сите политички аспекти на сегашната бугарска позиција во однос на блокирањето на македонските евро-интеграции се веќе добро изанализирани и аргументирани. Не само во македонската, туку и во меѓународната јавност – како и во самата Бугарија, бидејќи таму, сепак, по силата на бројките, статистички има повеќе паметни луѓе отколку во Македонија! Се јавија бројни експерти од разни области кои елоквентно предупредуваат на тесноградоста на таа политика, но и на контра-ефектот што официјална Софија ќе го постигне во сите важни регионални димензии (економски, безбедносни, политички, културни итн.). Најголемото „пукање в колено“, всушност, ќе си го направат самите бугарски националисти кои или ништо или многу малку и со брзо минлив дневно-политички триумф ќе го постигнат на домашен политички план,; а секако епохално многу, на долги стази, ќе предизвикаат уназадување на „пробугарските“ позиции во Македонија, ако овдешната сцена сакате да ја анализирате и со тој речник.

Но, тоа е едното ниво на регресирање во регионалната геополитика за кое, велам, многу се изнапиша и се кажа во изминативе неколку недели.

Другото ниво е фрапантниот простаклук на тие ставови, „исчистен“ од политичките димензии зад кои срамежливо се крие, како што смоквиниот лист има улога ништо да не сокрие, а сепак да го покрие погледот врз „гениталиите“ на таквата политика.

Всушност, ова ниво е она што е далеку понавредливо за Македонците.

Имено, ликови како Каракачанов (нему не мора ни името да му го знаете, презимето веќе му е доволно препознатлив „бренд“, како на времето „брендовите“ на Караџиќ и Младиќ, на пример) или некаков Андреј Ковачев (човеков е доктор на науки, европски пратеник, па дури и „федералист“, како што му пишува во биографијата!) доаѓаат од истиот националистички балкански „бунар“ од кој се пролеаја три-четири војни при распадот на Југославија, неколку децении пред нивната сегашна бугарска „инкарнација“. Каракачанов е примитивната, кафеанска, силеџиска балканска варијанта на тој „бренд“; а овој Ковачев е истата имитација, само малку бриселски „исполирана“, светната во речникот, евтина балканска керамика која се претставува за европски порцелан.

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

Back to top button
Close