Како се создаде тимот за пропагирање на „мудрата политика“?


По изборот за претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој мошне добро знаеше колку е значајна улогата на медиумите, пристапи кон создавање на екипа составена од познати новинари и уредници на медиуми за пропагирање на неговите политики. Во време на санкциите на ООН против СРЈ (Србија и Црна Гора) во Република Македонија се слеваа огромни пари од сивата и црната економија, односно од шверцот со цигари, со тутун, со алкохолни пијалоци, со бензин, со бакар и дуги акцизни и берзански стоки. Со ваквите пари беше создадена екипа медиумски платеници, кои жкестоко ја пропагираат „мудрата“ политика, која од држава со сите нишани и која во Извештајот на Комисијата на Бадинтер, заедно со Словенија е наведена како држава која ги исполнува условите за признавање, направија држава која служи за мајтап и за потсмев во регионот, во Европс и во светот! На списокот на медиумските „работници“ кои беа одбрани да ја пропагираат „мудрата“ политика се наоѓаше и истакнатата новинарка Г-ѓа Мирка Велиновска, која за да се придобие беше номинирана за дописничка на Нова Македонија и МРТВ од Лондон. Меѓутоа, по неколу месеци беше повлечена бидејќи очигледно не можеше се вклучи во „оркестарот“ за пропагирање на „мудрата“ политика. Госпоѓата Велиновска покажа дека е суверена личност која мисли со своја глава и која не може да се „купи“ со разни привилегии и со пари! Поради нејзината принципиелност ставена е „под ембарго“ за објавување написи во македонските медиуми, така што сега како „класна“ објавува свои написи на некои портали.! Нејзина голема „грешка“ беше определбата да заигра на руската „карта“!? Демократијата се гради со конфронтација на ставови и мислења, како предуслов за изнаоѓање на најповолно решение, а не со забрана на објавување на ставови и мислења на политичките опоненти,
Покрај екипата составена од познати личности од областа на медиумите претседателот Глигоров се определи за ревиталлизација на комунистичката номенклатура со назначување потомци на остарената комунистичка елита на челни места во државвата. Претседателот Глигоров доби втор мандат на најнерегуларните претседателски и парламентарни избори, кои се одржаа во 1994 година. Поради нерегуларностите на изборите двете најголеми опозициски партии се повекоа од вториот изборен круг, што придонесе за реинкарнација на едноумието, за авторитарно владеење и за елиминирање на контролата не само на политиките на власта, туку и на трошењето на /народните пари. Со огромните пари од буџетот некои привилегирани новинари настапуваат како „обер“ уредници на печатените и електронските медиуми во државата и мантраат за „остроумноста“ и „генијалноста“ на нивниот политички и финансиски ментор и не дозволуваат објавување на критички забелешки на неговите политики и на неговото владеење. Платениците на „мудрата“ политика ја окупирале медиумската сфера и неперстано мантраат за „успесите“ на генијалниот и остроумен политичар, за „спасителот“ на Македонија од војна и слични небулози Тоа ме потсети на приказната за романскиот генијалец од Карпатите. Македонската јавност е крајно разочарана од катастрофалните резултати на македдонските политички елити. Првиот министер за надворешни работи пишува за Блескавите успеси на македонскаат дипломатија, а не гледа дека таа доживува вистинско фијаско!! Бев крајно изненаден и разочаран од неговата апсурдна идејаа Република Македонија да биде мост за соработка на државите кои настанаа по распадот на Југославија со Бугарија!? Ваква идеја може да иницира само политички аматер кој не ги познава реалностите во регионот и во Европа. Очигледно поранешниот минитер не знае дека Хрватите имаат традиционално мошне добри односи и соработка со Бугарите, а во последно време и Србите имаат неспоредливо подобри односи и соработка со Бугарија, отколку Република Македонија!
Иако гледаат дека „мудрата“ политика доживува фијаско, нејзините епигони не дозвплуваат какви било критички забелешки на нејзиниот протагонист и упорно настојуваат вината за катастрофалните состојби во државата да ја префрлат на политичките опоненти. Убеден сум дека ваквите намери на епигоните на „мудрата“ политика нема да успеат и дека нејзиниот главен протагонист неизбежно ќе се соочи со одговорност пред историјата! Упорноста на епигоните по секоја цена да ја бранат „мудрата“ политика упатува на сомнеж дека дебело се офајдиле и дека потпишале документ за „вечна“ лојалност кон нивниот политички и финансиски ментор!? Доколку се покаже дека овие сомнежи се основани, спомнатите епигони треба да бидат означени како ординарни платеници за кои освен пари и привилегии не постои ни срам, ни морал, ни образ, ни достоинство!
Ја ористаам и оваа пригода да поѕрнцирам дека изборот на Глигоров за претседател на Република Македонија беше голема несреќ за државата и за народот„ Ги повикувам неговите привтзаници да наведат макар еден екпномскии /ли инфраструктурен проект кој го иницирал и реализирал претседателот Глигоров во неговиот 9 годишен мандат.

Коста Стоименовски

Back to top button
Close