Маск: Твитер наскоро со можност за повици и шифрирани пораки

Извршниот директор на Twitter, Илон Маск, откри нови детали за идните опции на оваа мрежа, вклучувајќи и додавање можност за повици и шифрирани пораки. Минатата година Маск ги нарече своите планови за Twitter, „Twitter 2.0 The Everything App” и рече дека оваа платформа ќе има карактеристики како шифрирани директни пораки, твитови во друг облик и опција за плаќање.

„Наскоро гласовниот и видеочетот ќе бидат достапни на оваа платформа, така што ќе можете да разговарате со луѓе каде било во светот без да им го дадете својот телефонски број“ oткри Маск.

Карактеристиките на повиците на Twitter ќе ја усогласат оваа платформа за микроблогирање со апликациите Facebook и Instagram на компанијата Metа, кои имаат слични облици.

Маск рече дека верзијата шифрирани директни пораки ќе биде достапна на Twitter од среда, но не откри дали и повиците ќе бидат шифрирани. Twitter неделава објави дека ќе почне со процесот на чистење, односно отстранувањеи архивирање на профилите кои се неактивни веќе неколку години.

Back to top button
Close