Мицкоски: Нашите услови се прифатени, на 15 јули одиме на избори

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ, напиша на својот профил на Фејсбук, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Тој посочува дека условите на опозицијата за избори биле прифатени.

„Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна. Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив – напиша Мицкоски.

На прашање за условите на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ Зоран Заев пак, на денешната прес-конференција ги оцени како „приказни за мали деца“ и рече дека за нив на последната средба воопшто не станало збор.

„Приказни за мали деца. И ништо друго. Ниту се зборуваше за ОБСЕ ниту за здравствена состојба. Но, нејсе. Убаво што се договоривме и да одиме понатаму во самите договори. Тие проколи здравствени веќе се доставени ако треба да ги доусовршиме ќе ги усовршиме. Јас сум приврзаник да седнеме заедно и да се договориме и за начинот на кампања. А, ОБСЕ уште пред барањето на Мицкоски соопшти дека од 19ти ја почнуваат мисијата. Денеска разговаравме и воопшто не се спомна ОБСЕ – рече Заев.

Back to top button
Close