Миленкоски со 13 одбојкари за дуелите со Косово и Израел во Приштина

Со 13 репрезентативци во составот селекторот Јошко Миленкоски одлучи машката одбојкарска сениорска репрезентација да отпатува во Приштина, на последниот, трет турнир за Македонија, во годинешното издание од Европската лига.

Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев, додека од претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов.

Македонскиот тим од денеска е стациониран во косовскиот главен град, додека настапот на третиот турнир го стартува утре (петок), кога е дуелот со домаќинот Косово (20 часот), а последниот натпревар во Европската лига 2026 го игра в сабота, во истиот термин, против Израел.

Back to top button
Close