На Великаните им прилегаат и кралските холови во Лондон,Токио и Париз, и средселото во Збажди, струшка Малесија: Симон Трпчески ќе музицира во селото на своето потекло

Најдоброто што го изнедрила современа Македонија, нашиот, а СВЕТСКИ, Симон Трпчески, на 27 август, во  17,00  часот, во предвечерјето на големиот христијански празник – “Голема Богородица”, ќе одржи “селск” концерт во Збажди, струшка Малесија.

За локација е одбрана месноста “Кутел” (терминолошки, за помладите, селска единица мерка за жито), во Горна маала, а ќе го придружува група негови соработници – музичари.

-Сите граѓани од Македонија и ќе ги прими, и каде ќе уживаат во врвната музичка изведба на светски познатиот музичар Симон Трпчески и групата со него од неколку музичари – соопштија организаторите.

За македонските медиуми ова не е вест!?

За македоннските mainstream медиуми ова и не е вест!?

За партал-порталите и да не говориме.

Нашето новинарство се сведе на познатата мисла на еден британски горф – издавач на весници од 18 век ( му се припишува на Черчил, што не е точно!), дека е вест “кога човек ќе касне куче, а не куче – човек”!
Дури и настапите на Симон на светските концертни попдиуми не се провокација за нашите медиуми! Повеќе можеме да прочитаме на социјалните мрежи, како што е во последниов случај!
Симон е најдоброто и најскромното, а светски најпознатото, што го изнедрила современа Македонија. Таа, пак, малку му се оддолжува на Великанот, кој ја слави во светот, нешто слично како што тоа го прави тенисерот Новак, за Србите. Главно со тоа што го прогласи за прв носител на признанието – Национален уметник на Република Македонија.

Симон само што се врати од својата последна светска турнеја. Пред тоа, зад него стојат, на два пати, нстапи во Лондон, со London Philharmonic Orchestra и Владимир Јуровски, во Холот на кралицата Елизабета, како и со Philharmonic Orchestra.

Настапувал на нашето, а светско, Охридско лето, но и во Њујорк, со New York Philharmonic Orchestrа.
Многу светски турнеји, во кои се вбројуваат и оние во Јапонија, во Кралскиот концертен дом, со Токиската филхармонија, како и во Сендаи, со Sendai Philharmonic Orchestra.

Се редат и настапи во Сингапур со тамошната филхармонија, во Хонгконг,Торонто, Холивуд, Лос Ангелес….

Во Евртопа, во најголемите концертни дворани и метрополи. Од Париз и славниот Дворец на културата Рок Дантерон, како и дворецот Лувр, а омилен е и кај германската публика, како и останата европска пребирлива публика.

Не беше лесен патот до звездите на Симон Трпчески. „Од по трње до ѕвездите“ е мото на македонскиот пијанист од светска класа, на кое го научил татко му.

„Тоа е моето мото и вистината на мојот живот“, вели Трпчевски и нагласува:

-Јас пораснав во едно многу скромно семејство, со петчлена фамилија и баба ми дури живееше со нас, во 56 квадратен стан. Во едни такви услови многумина од Запад не би можеле ниту да замислат да креираат сериозна музика, а не пак друго… Така што, мојот пат не беше ни малку лесен.

Симон Трпчески е горд на својот пат, на влогот и поддршката на неговото семејство и на малиот број пријатели:

– „Сметам дека мојот успех е успех на моето семејство. Мислам дека ова многу се совпаѓа со она што Павароти го има кажано – ние имавме многу малку дома, но никој немаше повеќе од нас“.

Тоа е Симон Трпчески. Утре, ќе музицира во селото на своето потекло: на Великаните им прилегаат и кралските холови во Лондон и Токио и срдселото во Збажди, струшка Малесија.
Малесија е на нога. И соседната славна Дебрца. Сите што потекнуваат од овие краишта. До Збажди има нов асфалтен пат. Организаторите, појаснуваат како може да се стигне до селото:

-Секој кој има интерес да ја прoследи оваа значајна и голема музичка манифестација, нека се упати кон селото Збажди, во текот на денот – сабота, а најдоцна два саати пред почетокот на манифестацијата .Се оди од кај Струга спрема Дебар, и треба да се исклучите десно по мостот пред фабриката “Борис Кидрич”, да продолжите кон село Драслајца, па низ село Биџево, Ново село и Татеши, па доаѓаат угорнини и планински дел до село Мислодежда, се минува низ селото, и се оди во село Присовјани, а оттука се стигнува во Збажди.

Од Струга до Збажди патот е во должина од 28 километри и истиот е ново асвалтиран.

Изгледа компликувано, но не е. А, и да е, Симон тоа го заслужува.

Веле Митаноски

Back to top button
Close