Охридски згоди и незгоди: До каде оди забегаnoста кога за привелегираните лимити не се – нит небото над земја, нит јадрото под земја!?

Охридски згоди и незгоди: До каде оди забегаnoста кога за привелегираните лимитине не се – нит небото над земја, нит јадрото под земја!?

Власта е сласт : како солена вода, колку што повеќе ја пиеш, толку си повеќе жеден.!

Дај му, дај и власт, за да му го видиш, да и го видиш – акалот!

До каде оди забегаnoста кога за привелегираните лимити не се – нити небото над земја, нити јадрото под земја, од два охриодски случаја, од две дешавки, достојни за рубриките од типот: Верувале, или не!

Извесен бабачко од Ве Ме Ре То, во зло-настан, отишол кај поранешен директор на ЈП Градски гробишта во Охрид, да побара плац, место за погребение на покојникот.

Го примил директорот (бог да му душа прости, не е мегу живите, а беше голем мајтапџија), оти бил по препорака на тогаш актуелниот Ламбе Арнаудов.

Арно, ама на ожалостениот партиец, не му се бендисал плацот, те поворно “скокнал” до кај Ламбета.

Овој, од немај каде, му се јавува на директорот: аман, види, прими го пак, тргни ми го од шијава!

Директорот го прима повторно, ама, шеретски го распрашува: демек, од што не е задоволен, што, всушност бара?

Ожалостениот вели дека би сакал гробното место да е малку поачик, поблиску откај влезот, на достапно и пристапно место, демек каде има движење на народ.

Ламбе, не Ламбе, на директорот му “пука филмот”, те му вели: добро бе чоек, ти бараш место за погребение, или плац за киоск!?

Сега, една за Се Де Се То, да не ги запоставуваме, ќе ни се налутат!

Актуелна, бабачко (заоблена) политичарка, роднокрајка (само кромпирите се земјаци, да бев и јас заоблен!) откако ги “прошетала! “ сите, овозомски погодности и привелегиии, посакала да биде посебна и на оној свет!!!

Ги проштетала и гробните полиња, и откако и запнало окцето на една “атрактивна!” локација, и дала наредба на поранешната директорка на ЈП “Градски гробишта” во Охрид, инаку, експерт во својата област, позната по серија недугавости, мегу другото, и по “иноваcијата”: легнати полицајци по патеките помегу гробните алеи!

За секој случај, можеби, некој и таму вози брзо и претекнува!?

Речено сторено, директоркава, го подготвува и уредува просторот, ама се испоставило, дека, ортачкиве, всушност, извршиле есхкумација без судско-обвинителкси налог!

Се покажало дека раскопале туго гробно место, размешале и оскрвнавиле коски на туго семејство!!!!!!!

За впечатокот да е комплетен – раскопале вечно почивалиште на поп и попадија.

За случајот, кој го обзнаниле вработени од Ве Ме Ро То, дознало и МВР-eто на Гоца!

Што правиме сега, ќе пукне брука голема.

Нема каде, поголемата риба – кленот, или кленицата, ја јаде помалата – плашицата!

За да се зааташка работата, ја пратиле директорката “курбан!”, а на политичарката, како награда, и обезбедиле уште еден мандат!!!

Само и рекле: се што лета се јаде! Се што предлагаме, прва ќе го браниш. Фејсбук да ечи, народ да клечи!

И чавката е бела, и црната е – бела маца, ако така се одлучи нашата Паца (партијата)!

Наравоучение: Не го заборавајте тв. квизот од времето на ЈУГА, “Tражили сте гледајте”!

Гласно, јасно, дречливо-зарипнато, со очи ококорени, извикајте од говорницата: “трала ла тралала, сама си го барала”!!!

Веле Митановски

Back to top button
Close