Ѓорческа утре против Шпанката Болуда во 1. квалификациско коло на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре ги стартува квалификациите на грен слем турнирот во Вимблдон, а нејзина ривалка ќе биде Анхела Фита Болуда од Шпанија.

Дваесетишестгодишната шпанската тенисерка се наоѓа на 213. место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10. победи на ИТФ турнири. Оваа година, Болуда настапи во четири финалиња од кои загуби три.

За Ѓорческа ова ќе биде трета настап во квалификациите на Вимблдон. Во 2017 и 2024 година, македонската тенисерка беше елиминирана во првата квалификациска рунда.

Квалификациите за женскиот турнир на Вимблдон ќе се играат од вторник до 25. јуни.

Back to top button
Close