Палчо со пиштол и перниче ја застрела Вања, сведочеше обвинетиот Манев
Обвинетиот Велибор Манев, при своето денешно сведочење за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ги раскажа деталите за грабнувањето и убиството на жртвите.
По паузата, откако претходно раскажа како ја грабнале Вања, раскажа и како била убиена. Беше дециден дека Љупчо Палевски ја убил.
-Откако ја ставивме во гепек, ги следев насоките за движење на Палевски. Тој возеше пред мене, јас по него. Стасавме пред местото Оризови дупки. Го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, кој и е мајка и татко. Откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчав вреќата, го извадивме селојтепот, видов дека не е жена, туку дете. До него бевме со Влатко, му рековме дека е грешка и да ја пуштиме. Под маски сме, не не видела и да ја ослободиме. Палевски рече да прекинам, дека ништо не разбирам, дека се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да ја земеме, дека ќе биде помала. Ние заќутивме. Се свртев да гледам према лозјето, не беше кроено оддамна. Да видам во која од собите, што ги имаше од бетон, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски приде до Вања со пиштол и со перниче во раката и испука куршум, пренесе Фокус.
…