Почина Кели Престон, сопругата на Џон Траволта, од рак на дојка

Сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, почина од рак на дојка на 57-годишна возраст.

„Со тешко срце, би сакал да ве известам дека мојата сопруга Кели почина после две години борба со ракот на дојка. Таа се бореше со храбро срце и со поддршка на многумина“, напишач Џон на својот инстаграм-профил.

Џон и Кели беа во брак 29 години, имаат две деца, а нивниот син Џет почина на 16-годишна возраст.

„Простете што нема да се огласуваме извесно време, ќе им се посветам на децата кои ја загубија својата мајка“, додал актерот.

Back to top button
Close