Поништена пресудата за Боатенг за насилство


Германското правосудство денеска ја поништи пресудата што му беше изречена на поранешниот германски фудбалски репрезентативец Жером Боатенг за насилство врз поранешната партнерка и наложи ново судење за истиот случај кој датира од 2018 година.

Боатенг во првостепената постапка беше осуден на парична казна од 1.8 милиони евра, која потоа во жалбената постапка беше намалена на 1.2 милиони евра.

Највисокото правосудно тело во Баварија одобри ревизија на случајот, наведувајќи процедурални недостатоци, а датумот на новото судење сè уште не е утврден.

Против 35-годишниот Боатенг се води кривична постапка поради физички напад, нанесување телесни повреди и навреди кон поранешната девојка.

Според нејзините зборови, Боатенг физички ја нападнал додека биле на одмор на Карибите во 2018 година, кратко време по елиминацијата на Германија на Светското првенство во Русија.

Боатенг, наводно, прво ја гаѓал со разни предмети, по што ја гризнал и ја повлекол за коса на земја.

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и на Баерн Минхен ги отфрли сите обвиненија

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close