Рафиња прогласен за Играч на месецот во Ла Лига
Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња е прогласен за играч на месецот во Примера. Бразилскиот интернационалец ја освои наградата за месец август.
Во изминатиот месец Рафиња учествуваше на 4 првенствени натпревари, постигнувајќи 3 гола и исто толку асистенции.
Рафиња е прогласен за Играч на месецот за прв пат откако се приклучи на Барса во летото 2022 година.
Поранешниот фудбалер на Лидс има договор со каталонскиот клуб до 2027 година