Самрак или нов почеток?

Вечерта, некни, кога последниот американски воен авион, во кого се наоѓаа командантот на американската операција за повлекување од Авганистан и американскиот амбасадор во таа земја, го напуштија аеродромот во Кабул, во Скопје слета првиот авион со 149 цивили пребегани од „гробницата на империите“. Истиот тој ден, завчера, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во разговор за „Кориера дела сера“ порача дека ЕУ мора да го зајакне сопствениот воен капацитет и „стратегиската воена автономија“ – со други зборови, да почне да се ослободува од воената зависност од САД – со што поитно создавање на „почетна воена сила“ од 5.000 војници кои би можеле самостојно да интервенираат во ургентни ситуации, под „комплементарната“ закрила на НАТО пактот.

Тоа е новата меѓународна реалност на Западот и на оние кои аспирираат тоа да бидат (патем, сѐ уште мнозинството од македонските граѓани), што се „крчкаше“ со години, пред сѐ, во Вашингтон, особено во мандатот на подемот и падот на Доналд Трамп (но, и пред него), а својата молскавична, официјална глобална промоција ја доживеа со хаотичното повлекување на Американците од Авганистан. По не цели осум месеци на власт, Џо Бајден и неговиот претседателски мандат ќе останат вечно запаметени (што и да се случува понатаму) по оваа катастрофа во Кабул. И тука нема оправање, без разлика на импресивниот „воздушен мост“ со кој Американците, за само две недели – во оние услови! – успеаја да извлечат околу 120.000 луѓе преку Кабулскиот аеродром. И да остават уште илјадници на милоста и немилоста на талибанците.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

 

Back to top button
Close