СП 2026: Аргентинскиот селектор смета дека го искористиле моментот за пресврт

Со неверојатен пресврт светскиот првак Аргентина успеа да ја надополни негативата од 0:2 против Египет и да дојде до победа од 3:2 и со тоа пласман во четвртфиналето. Аргентина втор натпревар по ред го победува со 3:2, откако претходно ги совладаа Зелено ’ртските острови

–   Против Зелено ’ртските острови беше полошо, навистина бевме во проблеми. Денес, дури и кога беше 0-2, чувството беше дека во одреден момент ќе добиеме шанса и ќе можеме да го свртиме резултатот, игравме сосема поинаков фудбал, овој тим ми дава чувство дека никогаш не престанува да верува, дури и кога сè оди против него изјави селекторот на Аргентина Лионел Скалони

Аргентина следниот натпревар – четвртфиналето против Швајцарија го игра на 12.јули во Канзас Сити во 03 часот по полноќ

Back to top button
Close